Дома Останати Тие успеаа да станат спортски ѕвезди иако татковците ги тепаа и напуштија

Тие успеаа да станат спортски ѕвезди иако татковците ги тепаа и напуштија

Денес е денот на татковците! Навистина не е толку експониран како мајчинскиот, но е прилика и кога не спортски случувања да посветиме статија на нив.

Многу спортисти во светот успеале да станат познати и славни и покрај тоа што нивните татковци не биле со нив помеѓу најпознатите се: Леброн Џејмс, Ленс Армстронг, Мајк Тајсон, Андре Агаси, Јелена Докиќ, Шекил О’Нил, Џејмс Родригез…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јаник Караско

Белгискиот фудбалски репрезентативец никогаш не го ни запознал својот татко кој ја напуштил неговата мајка и него додека тој се уште бил бебе. Од таа причина Караско никогаш не го зема презимето на неговиот татко Фереира.

„Не беше премногу тешко. Кога си дете, не ни знаеш дека немаш татко. Сфаќаш дури кога ќе пораснеш и ќе те прашаат каде е татко ти. Меѓутоа, ништо не ми недостигаше затоа што мајка ми вршеше работа за двајца родители“.

Хамес Родригез

Ниту колумбискиот фудбалер немал можност да ужива во детство со татко. Сопругот Пилар Рубио и младиот Хамес ги оставил кога тој имал само три години. Се вратил кога Хамес наполни 15 и барал прошка, но останале раздвоени.

Леброн Џејмс

Најголемата кошаркарска ѕвезда на деншницата исто така растеше само со мајчинската љубов. Сепак, Леброн е благодарен на неговиот татко Ентони Мекеланд.

„Татко, знаеш ли една работа? Не знам кој си ти и ти не знаеш кој сум јас, но си една од причините за ова што сум денес. Ако имав мајка и татко, сестри, куче и останатите работи можеби денес не би бил тука. Ти благодарам на се“.

Шекил O’Нил

Џеј Мекмулен во биографијата за Шекил О’Нил откри дека Филип Харсион го тепал малиот Шек.

„Не зборувам за претепување, секогаш имало некоја причина. Шек во една прилика ми кажа дека татко му не го тепал без причина“.

„Не те мразам“, изјави кошаркарската легенда за неговиот татко со кој пред две години и се смири.

Аранта Санчез Викарио

Четирикратната Грен Слем победничка и некогаш прва тенисерка во светот во својата книга откри дека во својата тениска заработка практично не уживала. Во кариерата таа заработи 45 милион иевра, меѓутоа скоро сите пари ги контролирал нејзиниот татко.

„Ме остави без ништо, задолжена сум и имам многу помалку од мојот брат Хавиер кој заработи далеку помалку од мене. Повеќе не разговарам со никого од семејството“.

Андре Агаси

Во својата биографија американскиот тенисер откри дека се др*гирал и лажел на АТП турнирите за да не биде казнет.  Го мразеше тенисот, а се поради болните амбиции на неговиот насилен татко Емануел.

„Мојот однос со татко ми е добар колку што може да биде“.

Мајк Тајсон

Дорна Тајсон била трунда, а Џими Кираптик одлучи да се сокрие од одговорноста. Грижата за Мајк ја превзема Кус Д’Амато, но кога Мајк веќе имал 15 години.

„Никогаш не дознав што значи да имаш татко, но Кус ми помогна околу тоа. Секогаш сакав да го направам среќен мојот татко, тој сакаше да има шампион во тешка категорија, а сакав и јас“.

Ленс Армстронг

Биолошкиот татко на Ленс, Еди Гундерсон го напушти кога тој имаше само три години.

„Никогаш не сум прашал ништо за него. Не сакам ниту да го признаам за мој татко“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…