Дома Фудбал Италија Фудбалер на Милан мора на бившиот клуб да му плати 16,5 милиони евра

Фудбалер на Милан мора на бившиот клуб да му плати 16,5 милиони евра

Спортскиот арбитражен суд во Лозана, му нареди напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, да му плати на неговиот поранешен клуб Спортинг Лисабон, 16,5 милиони евра.

Казната е изречена поради фактот дека во 2018 година Португалецот еднострано го раскина договорот со Спортинг Лисабон. Потоа Леао премина во Лил како слободен агент, а во 2019 година него го купи Милан за 35 милиони евра.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Првично, Спортинг бараше 45 милиони евра од 20-годишниот фудбалер, но судот му нареди да плати 16,5 милиони, но судската одлука може да биде обжалена.

За потсетување, во мај 2018 година, навивачите на Спортинг влегоа во клупската база и физички ги нападнаа играчите. Леао, како и многу други, после тоа го напушти клубот, а клубот почна да ги тужи играчите.

Од друга страна, португалскиот клуб ќе мора да му плати на Леао 40 илјади евра за мобинг (психолошко насилство, малтретирање, морален прогон).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Убави најави: Нов голем спонзор влегува во Вардар!

Црвено-црните од Вардар се подготвуваат за нова, амбициозна сезона во која ќе атакуваат на…