Tренерот на Реал Мадрид се грижи за своите четири сина и сака тие да израснат во квалитетни луѓе.
Енцо е најстариот син на славниот Французин и има 24 години. Лука е три години помлад од него, Тео има 17, а најмладиот Елијаз 14.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тие немаат живот како другите деца. Се плашам да не станат идиоти. Не сакам богатството и се што ги опкружува околу мене да ги одведе по лош пат. Сакам да бидат добри луѓе“, истакна Зидан.
Зборуваше Зидан и за однонсот кој го има кон момците од неговиот тим.
„Нема поинаку да се однесувам кон нив ако сме запишале три или четири лоши резултати. Или поради што поминуваме низ една потешка фаза. Ќе ги бранам моите играчи до крајот, верувам во нив и така ќе остане. Не сум од оние луѓе кои ги обвинуваат играчите. Сите сме на ист брод“, порача францускиот стратег.