Дома Фудбал Мурињо не се плаши од корона: Само Тотенхем тренира регуларно (фото)

Мурињо не се плаши од корона: Само Тотенхем тренира регуларно (фото)

Тотенхем е единствениот клуб од Премиер лигата кој одржува регуларни тренинзи. „Спарси“ и понатаму продолжуваат да бидат снимани за документарен филм кој „Амазон“ го подготвува за нив.

Од останатите тимови од Лондон, Арсенал и Челзи се во изолација бидејќи имаат позитивни случаи на корона во своите редови. Кристал Палас ја затвори тренинг базата, додека Ватфорд и Вест Хем имаат намера да ги обноват тренинзите кон крајот на неделата.

Повеќето од другите клубови од Англија исто така ги запреа тренинзите. Манчестер Јунајтед и Ливерпул ги прекинаа тренинзите во период од две недели.

Фудбалерите на Тотенхем денес регуларно тренираа и тоа под камери. Документарецот на „Амазон“ треба да излезе на лето, но голема е веројатноста премиерата да биде одложена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…