Делото на Манчестер Сити во Спортскиот арбитражен суд во Лозана се одложува. Синоќа судот ги одложи сите дета до почетокот на мај поради епидемијата со коронавирус.
„Граѓаните“ ја обжалија одлуката на УЕФА за суспензија на две години од европските турнири и казна од 30 милиони евра поради непочитување на Финансискиот фер-плеј.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Во клубот се надеваат делото да биде разгледано на почетокот на јуни и при евентуална позитивна одлука да можат да учествуваат во ЛШ следната сезона.
Постои голема можност конечната одлука на судот да не биде донесена до август, кога ќе биде ждребот за Лигата на шампиони. Во тој случај Сити ќе побара казната да стапи во сила после одлуката и ќе учествува во Лигата на шампиони следната сезона.
Потоа доколку казната биде потврдена, „граѓаните“ ќе ја одработат суспензијата во следните две години.
The Court of Arbitration for Sport have announced it will not be hosting ANY hearings before May 1st at the earliest.#MCFC | @ManCity pic.twitter.com/odWmGu4bCI
— Man City Xtra (@City_Xtra) March 16, 2020