Дома Фудбал Останато Уште еден случај со корона во српската Федерација – позитивен е Пантелиќ

Уште еден случај со корона во српската Федерација – позитивен е Пантелиќ

Српската фудбалска Федерација денес го потврди и вториот позтививен случај на коронавирус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После претседателот Славиша Кокеза, денес на коронавирусот позитивен беше и потпретседателот Марко Пантелиќ. Тој е во домашен карантин и се чувствува добро.

41-годишниот фудбалски функционер неодамна учествуваше на Конгресот на УЕФА и на ждребот на Лигата на нации во Амстердам.

Поради контактите кои ги имал со претседателот на хрватската Федерација Давор Шукер и селекторот Златко Делиќ и тие од денес се во карантин.

Исто така и челниците на македонскиот фудбал на чело со претседателот Мухамед Сејдини и селекторот Игор Ангеловски се во домашна изолација, откако присуствуваа на Конгресот на УЕФА во Амстердам, каде беше и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…