Дома Фудбал УЕФА има предлог: Шампионатите да се прекинат, лидерите на табелата да бидат шампиони

УЕФА има предлог: Шампионатите да се прекинат, лидерите на табелата да бидат шампиони

УЕФА во вторник ќе донесе конечна одлука за тоа како да заврши сезоната во европскиот фудбал, а денеска пристигнаа информации дека Евроската централа има интересен предлог до националните лиги.

Според весникот „АС“ УЕФА ќе предложи предвремено завршување на сите лиги и доделување на шампионските пехари на сите екипи кои моментно се лидери на табелите во домашните првенства. 

 Со ваквата одлука сигурно нема да се сложат навивачите на тимовите кои се второпласирани во моментов и кои и натаму имаат шанса за титула, па поради тоа ваквата одлука е малку веројатна.

Националните федерации ќе настојуваат сезоната регуларно да се доигра во јуни и јули, со тоа што ќе биде одложено Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…