Дома Фудбал Англија Вооружени разбојници го ограбиле Вертонген

Вооружени разбојници го ограбиле Вертонген

Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген преживеа вистинска драма, откако неговото земејство беше мета на вооружен грабеж.

Семејството на Вертонген било држено под закана со нож додека четири мажи го ограбувале неговиот дом во периодот кога фудбалерот бил со својот клуб во Германија поради меч од Лигата на шампиони.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вооружени разбојници влегле во неговиот дом кога сопругата и децата биле дома, а крадците избегале пред да пристигне полицијата.

„Ние го поддржуваме Јан и неговото семејство низ овој ужасен и трауматски период. Сакаме да ги охрабриме сите што имаат било какви информации за овој настан да ја контактираат полицијата“, истакнаа од Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Слот меѓу седум напаѓачи бара замена за Исак, едно од имињата и моќен Србин

Челниците на Ливерпул наводно се подготвени да влезат на пазарот за уште еден напаѓач во ј…