Дома Фудбал Неодамна потпиша за Вухан и тврди: Нема од што да се плашам

Неодамна потпиша за Вухан и тврди: Нема од што да се плашам

Португалскиот фудбалер Даниел Карико неодамна потпиша за Вухан, но поради ситуацијата со коронавирусот сите спортски настани во Кина се одложени, па неговиот трансфер е времено одложен.

Ситуацијата во Кина полека се смирува, па првенството би можело да продолжи во средината на април.

Карико и Вухан изминатиот месец тренираа во Марбеља, а следниот викенд се враќаат во Кина.

„Проблемот сега е во Европа, а не во Кина. Таму е практично вирусот исчезнат. Од што да се плашам? Трениравме во Марбеља и чекавме да не известат кога можеме да се вратиме во Вухан. Таму ситуацијата моментално е посигурна отколку во Европа“, истакна Карико.

Неговиот трансфер ги шокираше многумина бидејќи потпиша за Вухан кога епидемијата беше во ек.

„Нема да порекнувам, на почетокот размислував дали да ја прифатам понудата на Вухан. Потоа челниците на клубот ме уверија дека се грижат за здравјето на играчите и дека ќе тренираме во Шпанија“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…