Дома Фудбал Лига на шампиони Eвропа ќе добие нов шампион: Ливерпул на колена пред Атлетико! (ВИДЕО)

Eвропа ќе добие нов шампион: Ливерпул на колена пред Атлетико! (ВИДЕО)

Атлетико и Симеоне вечерва го елиминираа европскиот шампион Ливерпул.

Атлетико добро започна, меѓутоа како што времето одминуваше Ливерпул се повеќе доминираше. Доминацијата им се исплатеше во 43. минута кога Ванијалдум погоди по нафрлувањето на Чембрлејн.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се редеа шанси пред голот на Облак, но мрежата не се тресеше. Атлетико можеше да го шокира Ливерпул и во 92. минуга кога Саул погоди со глава, сепак неговиот гол беше поништен поради офсајд.

Во продолженијата Ливерпул стигна до 2:0 преку Фирмино, но само три минути подоцна Маркус Љоренте намали на 2:1 и обезбеди резултат кој Атлетико го води во четвртфиналето. Истиот играч во 106. минута погоди и за 2:2.

Точка на натпреварот стави Мората со гол во 120. минута. При овој гол асистент беше двојниот стрелец Љоренте кој е вечерашниот херој на избраниците на Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шефот на Баер го критикуваше Реал Мадрид и откри дали Алонсо се враќа во Германија

Чаби Алонсо беше само неколку месеци на позицијата главен тренер на Реал Мадрид. Извршниот…