Дома Топ вести Енрике заминува задоволен: Уживав во најдобрата верзија на Меси

Енрике заминува задоволен: Уживав во најдобрата верзија на Меси

Стратегот на екипата на Барселона, Луис Енрике, ќе го напушти шпанскиот клуб ова лето.

Енрике со вчерашната победа од 3:1 против Алавеш го освои третиот кралски куп во низа со каталонскиот клуб.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Во тој натпревар на теренот повторно блескаше Лео Меси, а одигра и клучна улога при постигнувањето на погодоците на Нејмар и Пако Алкасер. Меси под водство на Енрике стана најдобар стрелец во историјата на Ла Лига, а оваа сезона со 37 погдоци е најдобар стрелец во најдобрите пет лиги во Европа.

Меси во секоја смисла е вонземјанец. Јас имав среќа што можев да уживам во најдобрата или една од неговите најдобри верзии. Тој без сомневање е број еден и сигурен сум дека има уште многу што да покаже“, изјави Енрике.

Луис Енрике заминува од клупата како трет најтрофеен тренер во историјата на клубот со девет титули, зад Јохан Кројф (11) и Пеп Гвардиола (14).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Потврдена е казната на Дин Хаусен

Апелационата комисија на Шпанската фудбалска федерација денес ја потврди одлуката на Дисци…