Дома Останати Изненадување од Островот: Мејведер станува газда на клуб од Премиер лигата?

Изненадување од Островот: Мејведер станува газда на клуб од Премиер лигата?

Интересна вест се појави во медиумите на Островот, Флојд Мејведер би можел да стане газда на клуб од Премиер лигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според информациите славниот боксер би можел да влезе во светот на фудбалот, а клубот кој се поврзува со него е Њукасл.

Да се слушне дека Њукасл може да биде продаден не е ништо ново. Со оглед на тоа дека актуелниот сопственик Мајк Ешли од поодамна има идеја да го продаде клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Прашањето за купување на Њукасл дојде и до Мејведер

„Заинтересирани сте за купување на Њукасл, зарем не?”, гласеше прашањето од новинарот, на што Мејведер одговори:

„Во САД тоа го нарекуваме сокер, но Њукасл е неверојатен клуб….Ако луѓето сакаат да го купам Њукасл нека ми го покажат тоа”.

Според тврдањето на американскиот „ТМЗ“ претставници на Мејведер потврдиле дека боксерот е сериозно заинтересиран да го купи Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…