Хари Кејн наводно размислува за заминување од Тотенхем по крајот на сезоната.
Како што наведува Телеграф, 26-годишниот напаѓач ќе ги разгледа опциите на крајот од оваа сезона, бидејќи во иднина сака да освојува трофеи.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Ова секако може да ги загрижи навивачите на Спарси. Неговото заминување ќе биде голем удар за тимот од Лондон, кој би останал без најдобриот стрелец.
Сепак, Кејн сака да освојува трофеи. Со Тотенхем тоа е тешко да се очекува и нема да биде никакво чудо ако напаѓачот побара трансфер по крајот на сезоната.
Во случај на продажба, Спарси за својата најголема ѕвезда можат да инкасираат неверојатни 150 милиони фунти, а интерес за него има од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.