Поминаа скоро пет години откако Рафа Бенитез беше именуван за тренер на Реал Мадрид. Шпанецот не се задржа долго и клубот го напушти после само неколку месеци.
Денес Бенитез работи во Кина и се потсети на некои моменти од Реал. Јавноста и денес ја интересираат некои работи од тој период. Во тоа време се зборуваше дека Бенитез своевремно го учел Роналдо да изведува слободни дуар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Шпанецот сега го демантираше тоа.
„Лага е дека сум го учел Роналдо да изведува слободни. Во ниту еден момент не се случило нешто такво. Само еднаш разговаравме за слободните удари во текот на припремите во Австралија. Му кажав дека анализиравме како ги изведува во Манчестер Јунатед. Не му кажував како треба да ги изведува“, изјави Бенитез.
Бенитез потенцираше и дека во клубот донел играчи кои денес се важни за Реал.
„Во Реал ги доведов Лукас Васкез, Касемиро и Матео Ковачиќ. Двајца од нив тројца се уште се важни членови на клубот“, потсети шпанскиот стратег.