Дома Фудбал УЕФА за ситуацијата со коронавирусот: Немоќни сме, во рацете сме на оние кои се експерти за вакви ситуации

УЕФА за ситуацијата со коронавирусот: Немоќни сме, во рацете сме на оние кои се експерти за вакви ситуации

Извршниот одбор на Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) на состанокот одржан во понеделникот во Амстердам разговараше за можноста за откажување на натпревари поради опасност од ширењето на епидемијата со коронавирусот.

На состанокот се разговараше за полуфиналињата во Лигата на Нации и овогодинешното Европско првенство. Полуфиналните натпревари кои се дополнителни квалификации за ЕП се закажани за крајот на овој месец. Од УЕФА порачаа дека тоа е нешто кое не е во нивна надлженост, туку на владата и здравствените организации во секоја држава.

„Во контакт сме со локалните власти и ќе постапиме така како што они ќе ни кажат. Ние сме тука немоќни, во рацете сме на оние кои се експерти за оваа ситуација. Засега нема никакви потреби да се менува распоредот на Европското првенство“, изјави портпаролот на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…