Српскиот тенисер открива како течеле преговорите со легендарниот тенисер.
Новата тениска “суперкомбинација“ Новак-Агаси, е главна тема пред самиот почеток на Ролан Гарос.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
На само недела пред почетокот на овој турнир, се појавија многу теории како дошло до оваа соработка. Актуелниот шампион Ролан Гарос во Париз после ждребот за вториот гренд слем ја откри неговата верзија:
“Дури и пред да станам прв во светот, па потоа и кога почнав да освојувам трофеи, па и после кога започнав да освојувам трофеи, но и кога играв слабо, Агаси секогаш беше покрај мене. Додека другите ме критикуваа, тој секогаш ми даваше поддршка. Не постојат многу луѓе како него. Бидејќи неговата поддршка многу ми значи го побарав лично да му се заблагодарам и малку да позборуваме, а тоа малку стана прилично долго. Во тој момент не размислувавме за професионален ангажман, но се течеше кон тоа и неколку недели подоцна еве не заедно во Париз. Одлуката беше целосно негова“, откри Ѓоковиќ.