Дома Фудбал Конечно: Фудбалските легенди ќе се соберат за Роналдињо!

Конечно: Фудбалските легенди ќе се соберат за Роналдињо!

На почетокот на јануари во 2018 година легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо објави крај на кариерата, меѓутоа за него немаше проштален натпревар како за некои други фудбалски ѕвезди.

Сега еден од најомилените фудбалери во историјата конечно ќе биде испратен онака како што заслужува.

Шпанските медиуми објавија дека на 19. август на „Ноу Камп“ ќе се организира натпревар со бројни легенди и негови поранешни соиграчи. Веќе се шпекулира и за имињата, па се најавуваат: Пирло, Анри, Роберто Карлос, Недвед, Кафу, Роналдо...

Роналдињо кариерата ја започна во Гремио, потоа во Европа потпиша за ПСЖ. Од Париз се пресели во Барселона, па во Милан, за последните години од кариерата да ги помине во првенството на Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул подготвува разговори: Ван Дајк може да остане и по 2027 година

На „Енфилд“ се разгледува нов едногодишен договор за капитенот, но платата би можела да би…