Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос по поразот од Манчестер Сити во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, се насочува кон претстојното големо дерби со Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
33-годишниот дефанзивец неславно го заврши синоќешниот меч и беше исклучен поради стартот над Габриел Жесус, па ќе го пропушти реванот во Манчестер.
Веднаш после тешкиот пораз Рамос се огласи на социјалните мрежи и испрати капитенска порака пред Ел Класико.
„По многу тешката вечер, гледам две опции: да се размислува за вчерашниот пораз или да се работи на следната победа. Го избирам вториот. Моето срце и глава веќе се на „Ел класико“, истакна Рамос.
Големото Ел Класико ќе се
игра во недела во Мадрид, а после 25 кола во Примера Барселона е лидер со 55
бода, Реал Мадрид е втор со 53.