Дома Фудбал Зошто ФС Шпанија нема ист третман и за другите клубови како за Барселона?

Зошто ФС Шпанија нема ист третман и за другите клубови како за Барселона?

Управата на Леганес е лута на ФС Шпанија.

Од Леганес потврдија дека нивното барање да доведат еден играч после заминувањето на Мартин Брајтвајт надвор од преодниот рок бил оодбиено. После повредите на Суарез и Дембеле Барселона беше во потрага по напаѓач, а на крајот изборот падна на Данецот Брајтвајт од Леганес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради неочекуваното заминување на фудбалерот Леганес се најде во проблем и побара и нив да им биде дозволено да доведат замена, меѓутоа дозвола не добија.

„Се соочуваме со некоректен пристап кој го загрозува интегритетот на натпреварувањето и правото на сите клубови да се натпреваруваат под исти услови“, соопштија од Леганес.

Брајтвајт сезонава постигна шест голови и асистенција на 24 натпревари во Примера оваа сезона. Тој потпиша договор со Барселона на четири години и во него има откупна клазула од 300 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судијата Орсато се расплака по натпреварот помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд

Италијанскиот судија Даниеле Орсато се расплака откако означи крај на вчерашниот натпревар…