Дома Фудбал Зошто навивачите на Баерн имаа транспарент со 59+1, а не стоеше 60?

Зошто навивачите на Баерн имаа транспарент со 59+1, а не стоеше 60?

Навивачите на Баерн скоро на секој гостински натпревар во Лигата на шампионите го истакнуваат своето незадоволство поради високите цени на влезниците.

Баерн вчера му гостуваше на Челзи и победи со 0:3, а навивачите на баварскиот гигант во текот на натпреварот на „Стенфорд Бриџ“ истакнаа транспарент кој привлече внимание.

Ултрасите на Баерн му порачаа на клубот да престане самоиницијативно да ги одредува цените за гостинските сектори и побараа истите да бидат ограничени на 20 фунти (околу 24 евра).

Додадоа и дека Челзи картите за гостите ги наплатува 55 фунти, а Баерн 60 со тоа што место бројот 60 стоеше 59+1,

Зошто тоа го направија? Работата едноставна. На германски јазикот бројот 60 се изговара Шезинг што прекарот за градскиот ривал Минхен 1860. Иако двата клуба на теренот подолги години не се ривали, навивачите не ги забораваат кодексите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Охрид ја брани предноста, Пелистер и Работнички бараат бодови на гости

Седумте средби од 11. коло во Втората лига почнуваат во 13 часот. Водечката тројка влегува…