Изгледаше дека Герет Бејл скоро сигурно ќе го напушти Реал Мадрид, но сега ситуацијата се променила.
Како што објавуваат шпанските медиуми Бејл ќе добие шанса и тоа вечерва против Сити од првата минута на теренот. Велшанецот би требало да добие прилика на местото на повредениот Еден Азар кој скоро сигурно нема да игра до крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бејл одлично играше во Лигата на шампионите во изминатите неколку години, а посебно се памети по двата гола во финалето во Лигата на шампионите во 2018 година против Ливерпул.
Оваа сезона постигна само три гола, најголема причина за таквиот учинок се повредите. Пред почетокот на сезоната Бејл беше и пред трансфер во Кина, меѓутоа на крајот преговорите со кинескиот клуб и Реал Мадрид пропаднаа.