Во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, Барселона одигра 1-1 на гостински терен против Наполи и така оствари добар резултат пред реваншот.
Каталонците ќе бидат видно ослабени на 18. март на Камп Ноу со оглед на отсуството на пола тим што не е добар знак без оглед на позитивниот резултат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во комбинација за настап нема да бидат суспендираните Бускетс и Видал, потоа повредените Суарез, Дембеле, Алба и Серхио Роберто, а можеби и повредениот од синоќешниот натпревар Жерар Пике.
Бускетс во микс зоната на стадионот Сан Паоло го критикуваше актуелното раководство и уште еднаш го откри проблемот кој е повеќе од очигледен.
„Немаме широк играчки кадар, за жал. Но, така е планирано.“ – изјави искусниот играч кој синоќа беше прогласен за играч на натпреварот.
Барса во недела ја очекува можеби одлучувачкиот натпревар во Ла Лига. Каталонците гостуваат на Реал Мадрид на стадионот Сантијаго Бернабеу.