Како што е веќе познато, пет натпреари од италијанската Серија А кои се играат викендов ќе се играат без публика поради опасноста од дополнително ширење на коронавирусот. Помеѓу откажаните натпревари е и дербито помеѓу Јувентус и Интер.
Покрај натпреварите од Серија А без гледачи ќе се одигра и натпреварот помеѓу Интер и Лудогорец во Лигата на Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус од продажбата влезници за дербито со Интер според информациите на „Газета дело Спорт“ заработил три милиони евра и тие пари нема да се вратат кај навивачите иако тие нема да бидат во можност да присуствуваат. Раководството на Јувентус наводно одлучило дека не е соодветно клубот да го изгуби приходот поради одлуката на федерацијата.
Од друга страна Интер веќе започна да ги враќа парите на навивачите кои купиле билет за натпреварот со Лудогрец.