Дома Фудбал Рамос пред Сити: Кога е тешко децата треба да се тргнат од патот

Рамос пред Сити: Кога е тешко децата треба да се тргнат од патот

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос полн со мотив пред најважниот натпревар оваа сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Кралевите“ ќе играат двомеч во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, а првиот од двата натпревари ќе биде утре.

По тој повод на прес-конференцијата на Реал Мадрид освен тренерот Зинедин Зидан се појави и стоперот Серхио Рамос. Тој порача дека сега е време децата да се тргнат од патот.

„Кога ситуацијата е тешка, една грешка може скапо да ве чини, тогаш на терен излегуваат возрасните, додека децата остануваат на страна. Време е да престанеме да зборуваме и да покажеме на теренот што знаеме“, изјави капитенот на Реал.

Зборуваше и за повредата на Еден Азар и можноста да заигра Бејл кој навивачите не го обожаваат многу во последно време.

„Не е моја работа да го коментирам приватниот живот на играчите. Сите знаеме кој тим го претставуваме. Повредата на Азар е лоша вест, но тренерот знае што треба да прави“, додаде Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР-системот го одреди шампионот на Англија?! (Видео)

Во лондонското дерби, Вест Хем бараше бодови за спас, а Арсенал за титулата. На крајот, ти…