Горан Главчев предвреме го заврши престојот во таборот на Работнички и потпиша договор до крајот на сезонава со екипата на Академија ФМП.
Горан Главчев до крајот на годината ќе му биде на располагање на тренерот Владимир Мирковски.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Главчев е роден во Гевгелија на 19 јуни 1993 година. Кариерата ја има започнато во екипата на Кожув со која стана вицепрвак во Купот на Македонија 2015 година. По ангажманот во Кожув и позајмицата во Радовиш, Главчев продолжува да настапува во екипата на Блокотехна со која ја освои Балканската Лига 2018/2019 и стана вицепрвак во Купот на Македонија 2019.
Оваа сезона ја започна во екипата на Работнички од каде доаѓа во екипата на Академија ФМП. Тој е и еден од малкумината во македонското првенство кој има постигнато трипл-дабл ефект против екипата на Струмица.
Пред неколку години се најде на поширокиот список на селекторот Давитков во репрезентацијата на Македонија.