Дома Фудбал Ван Перси го советува Јунајтед: Купете го Кавани, тој е гол машина

Ван Перси го советува Јунајтед: Купете го Кавани, тој е гол машина

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Робин Ван Перси кој беше најдобар стрелец на клубот при освојувањето на последната титула во Премиер лигата, го посочи идеалниот напаѓач за „ѓаволите“.

Според Холанѓанецот, Единсон Кавани е идеално решение за нападот на Манчестер Јунајтед за следната сезона.

„Кавани. Дефинитивно би тргнал по Кавани. Тој е фит и е докажан голгетер, гол машина, го докажа тоа во Наполи, ПСЖ и Уругвај. Со него, ако стартува, ќе добиете 25 гола во сезона. Го имам гледано како игра. Играв и против него, тој е неверојатен голгетер. Живее за да постигнува голови и јас би тргнал по него“ –изјави Ван Перси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…