Дома Фудбал Италија Де Лихт: До 15 години бев играч за врска, знаев да асистирам и да давам голови

Де Лихт: До 15 години бев играч за врска, знаев да асистирам и да давам голови

Матијас Де Лихт е еден од најдобрите млади дефанзивци во светот, а сега откри дека во младинските категории играл како офанзивен плејмејкер.

Де Лихт беше лидер на Ајакс кој минатата сезона стигна до полуфиналето во Лигата на шмпионите, а потоа направи трансфер во Јувентус.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„До 15 години играв како плејмејкер. Долго време играв во среднито ред, постигнував голови и делев асистенции. Потоа ме советуваа дека најдобро за мојата кариера е да почнам да играм како централен дефанзивец. На почетокот си помислив: Нема шанси, не сакам да играм во одбраната. Но потоа сфатив дека нема ништо лошо, а играњето во средниот ред многу ми помогна да се изградам во ова што сум денес“, изјави Де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тренерот на Јувентус ја бакна новинарката среде нападот на судиите (Видео)

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, имаше долг изблик по натпреварот, барајќи судиите …