Класикот во НБА лигата помеѓу ЛА Лејкерси и Бостон Селтикси им припадна на домаќините кои славеа со резултат 114:112.
Натпреварот во „Стејплс Центарот“ беше прилично неизвесен. Лејкерси неколку пати имаа двоцифрена предност, но Селетикси се враќаа. Победникот беше одлучен во финишот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Гостите преку Татум имаа шут за победа кој имаше 41 поен, но го промаши клучниот шут. Домаќините до победата ги предводеа Дејвис со 32 поени и Џејмс со 29 поени.
Важна победа во борба за плеј-офот оствари Портланд кој предводен од Мекколум и Ентони го победи Детроит со 107:104. Во неизвесна завршница прашањето на победникот го реши Ентони кој на 20 секунди пред крајот погоди за 105:101. Искусниот кошаркар натпреварот го заврши со 32 поени. Мекколум додаде 41.
Најубедливата победа во вечерта ја оствари Торонто. Актуелниот шампион ја понижи Индијана со 127:81. Домаќините рамномерно ги поделија поени, а најефикасен беше Сиакам со 21 поен.
Денвер славеше кај Минесота со 128:116. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра одличен натпревар со учинок од 24 поени, 7 скокови и 6 асистенции. Најефикасен кај Денвер беше Милисап со поен повеќе.
НБА резултати:
Портланд – Детроит 107:104
Денвер – Минесота 128:116
Голден Стејт – Њу Орлеанс 101:115
Оклахома – Сан Антонио 131:103
Чикаго – Вашингтон 126:117
Торонто – Индијана 127:81
Лејкерси – Бостон 114:112