Пол Погба и понатаму е желба на Јувентус, а наводно и Французинот има желба да се врати во Торино каде што играше најдобар фудбал.
Италијанските медиуми сега објавуваат дека Јувентус е спремен на Јунајтед да му понуди 50 милиони евра и Арон Рамзи. Наводно Манчестер Јунајтед за францускиот играч за врска бара дури 150 милион иевра, меѓутоа на „Олд Трафорд“ се спремни да ја разгледаат понудата на „старата дама“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рамзи во Јувентус пристигна на почетокот на оваа сезона од Арсенал без оштета, но не успеа да се наметне кај Сари, меѓутоа имаше проблеми и спо вредите. Ниту Погба не е најсреќен на „Олд Трафорд“ и наводно нема ништо против враќање во клубот каде што настапуваше од 2012 до 2016 година.
Погба во 2009 година како 16 годишник пристигна во Јунајтед од Ле Хавре, но три години подоцна бесплатно „побегна„ во Јувентус. Во 2016 година Манчестер Јунајтед го врати Погба назад за сума од 150 милиони евра.