Српскиот репрезентативец и ѕвезда на Ајакс, откри зошто не се преселил на „Камп Ноу“ и покрај интересот од страна на Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тадиќ минатата сезона блескаше во дресот на Ајакс во Лигата на шампиони. Беше еден од најзаслужните за елиминацијата на Реал Мадрид и за пласманот во полуфиналето.
Поради тоа Барселона сакаше да го донесе во своите редови минатото лето, но не дојде до трансфер.
„Не ме изненади интересот на Баеселона, верувам во себе, а имав и одлична сезона. Сепак, сум кажал веќе многу пати, Ајакс е мој клуб и немаше причина да го напуштам и да одам во Барселона. Овде имам се, притоа имам договор до 2026 година“, изјави Тадиќ.