Дома Фудбал Останато Гарсија: Како да го запреме Роналдо? Единствено да не го пуштат на граница

Гарсија: Како да го запреме Роналдо? Единствено да не го пуштат на граница

Фудбалерите на Лион следната недела го пречекуваат Јувентус во рамките на осминафиналето од Лигата на шампиони.

Јасно е дека Јувентус е голем фаворит во овој дуел, а најголемата опасност за Французите доаѓа од Кристиано Роналдо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Лион, Руди Гарсија беше запрашан дали знае како да го запре Португалецот, а тој даде интересен одговор.

„Како да го запреме Роналдо? Можеме да го запреме единствено ако не го пуштат на граница да влезе во Франција или пак да не му се допадне Лион и да одбие да игра овде“, се пошегува Гарсија.

„Цел тим мора да работи на тоа да се запре Јувентус, а не само Роналдо. Нема да се фокусираме само на него, бидејќи Јуве има фантастични играчи. Ако се фокусирам на Роналдо, Дибала и Игуаин можат да ни направат многу проблеми“, истакна францускиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…