Дома Топ вести Готово: Барса договори нов напаѓач

Готово: Барса договори нов напаѓач

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона ја заврши потрага по напаѓач, после повредите на Луис Суарез и Осман Дембеле.

Каталонците не успеаа да купат „деветка“ во зимскиот преоден рок, а после повредата на Дембеле Фубдалскиот Сојуз на Шпанија им дозволи да направат вонреден трансфер надвор од преодниот рок. Условот е играчот да биде регистриран во Фудбалскиот сојуз на Шпанија, што значи дека не можат да доведат играч од друго првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со Барселона се поврзуваа многу имиња, но разбирливо е дека клубовите тешко ги пуштаат своите играчи на средина од сезоната, па така многу клубови ги одбија понудите од Каталонците.

„Мундо Депортиво“ денес објавува дека Барселона конечно пронашла напаѓач, а станува збор за Мартин Брајтвајт, кој моментално игра во Леганес.

Брајтвајт до сега запиша 24 настапи за Леганес на кои постигна шест гола, а Барселона за неговиот потпис ќе плати 18 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…