Дома Трансфер зона Совет за Јунајтед: Не штедете, платете колку што треба и купете го Санчо

Совет за Јунајтед: Не штедете, платете колку што треба и купете го Санчо

Џадон Санчо беше еден од најдобрите поединци во редовите на Борусија Дортмунд во победата од 2:1 на домашен терен против ПСЖ во првиот натпревар од осминафиналето.

Џадон Санчо и претходно покажа дека е фантастичен играч, а легендата на Манчестер Јунајтед Овен Харгривс за Санчо кажа дека против ПСЖ играл како Нејмар во најдобрите денови.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Санчо играше како Нејмар во најдобрите денови“, смета Харгривс.

Манчестер Јунајтед се поврзуваше со Санчо, па Харгрвис им порача да не штедат и да го доведат на „Олд Трафорд“.

„За Санчо не треба да штедат, треба да платат колку што е потребно и да го доведат. Тој е навистина посебен“, истакна Харгривс.

Во медиумите претходно се шпекулираше дека Борусија Дортмунд за Санчо ќе бара сума од околу 140 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…