Ливерпул вчера доживеа пораз од Атлетико Мадрид со 1:0 и пред своите гледачи нема да има лесна задача да го сврти резултатот во своја корист.
После натпревар бекот на Ливерпул, Енди Робертсон зборуваше за примениот гол и за реваншот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со голот после корнерот им дадовме прилика за одличен старт и тоа за нив значеше поголема самодоверба и поголема поддршка од навивачите. Како што одминуваше натпреварот тие правеа се за да го умртват ритамот“.
„Не одигравме лошо, но знаеме дека можеме и подобро и имаме реванш за да го докажеме тоа. Вечерва тие по победата славеа како да се пласирале во четвртфиналето, сепак треба да дојдат на „Енфилд“ каде што ќе имаме голема поддршка од нашите навивачите“, изјави Робертсон.