Како и што беше порано најавено, Жоао Феликс нема да биде спремен за дуелот со Ливерпул во вторник во Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Феликс веќе се рехабилитира од повредата и од Атлетико очекуваа дека ќе биде спремен за најважниот меч сезонава, но Португалецот доби вирус и дефинитивно ќе биде надвор од тимот.
Се очекува 20-годишниот Феликс да биде на располагање за реваншот на „Енфилд“, а неговото место во првиот тим ќе го заземе Анхел Кореа.
„Јорганџиите“ се во голема резултатска криза, па ова сигурно ќе биде додатен удар за Диего Симеоне.