Дома Фудбал Голем расистички скандал ја тресе Португалија (видео)

Голем расистички скандал ја тресе Португалија (видео)

Огромен расистички скандал ја тресе Португалија, а во центарот на скандалот е африканскиот напаѓач на Порто, Муса Марега.

28-годишниот репрезентативец на Мали го напушти теренот против Викторија Гимараеш, откако од трибините беше расистички навредуван.

Марега го прослави голот со покажување на бојата на својата кожа, по што беше пречекан со мајмунски извици и со фрлање столчиња од трибините. Тој зеде едно од столчињата кои беа фрлени кон него и се обиде да си замине од теренот, по што мораа да го убедуваат фудбалерите на двата тима и неговиот тренер Сержо Консеисао.

Марега не  го продолжи мечот и покрај силните напори на играчите да го убедат да остане на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА не попушти за Паредес: Остануваат десетте меча суспензија

Аргентинската жалба донесе олеснување само за Науел Молина, чија казна е намалена од седум…