Академија Пандев загуби од Шкендија со 1-2, иако први дојдоа до водство во Струмица.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Академија Пандев поведе уште во петтата минута со голот на Дејан Миловановиќ, но потоа видовме целосна доминација на гостите.
Алими во 23-та минута израмни на 1:1, а Агим Ибраими од пенал во 55-та минута погоди за целосен пресврт и победа на тимот од Тетово.
Со оваа победа Шкендија се зацврсти на втората позиција, додека Академија Пандев излезе од местата кои водат во европските купови.