Дома Фудбал Англија Сити може да биде исфрлен во четврта лига!?

Сити може да биде исфрлен во четврта лига!?

Maнчестер Сити е суспендиран на две години од европските натпреварувања поради кршење на финансискиот фер-плеј.

„Граѓаните“ покрај суспензијата од страна на УЕФА се казнети уште со 30 милиони евра. Сигурно дека Сити ќе се жали на оваа одлука, но тешко дека ќе успее нешто да промени бидејќи доказите против нив се и тоа како силни.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спорен е периодот на кршење на финансискиот фер-плеј во период од 2012 до 2016 година кога клубот од „Етихад“ потроши повеќе од 700 милиони евра на засилувања.

Англиските медиуми пренесуваат дека Сити ги прекршил и правилата на Премиер лигата и сега ФА поради тоа би можела да им одземе бодови.

„Телеграф“ утрово пишува дека ФА има опција и многу полошо да го казни Сити – да го исфрли во четврта лига! Така наложуваат новите правиила. Поради кршењето на правилата на Премиер лигата Сити сигурно ќе биде казнет и во Англија, меѓутоа навистина е тешко да се очекува дека тоа ќе се случи на тој начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…