Дома Фудбал Промена на вечната листа во Мадрид: Зидан го помина Мурињо

Промена на вечната листа во Мадрид: Зидан го помина Мурињо

Тренерот на Реал мадрид, Зинедин Зидан по победата против Осасуна минатиот викенд се запиша уште еднаш во историјата на „кралскиот клуб“.

За Зидан ова беше 88. триумф во Ла Лига како тренер на „кралевите“, па така се проби на третата позиција на вечната листа на клубот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Така го прескокна Жозе Мурињо, кој за три години оствари 87 победи во шпанскиот шампионат, а пред него се само уште двајца тренери, меѓу кои и Мигел Муноз, кој има 257 триумфи.

Реал Мадрид во моментов е лидер во Ла Лига со три бодови повеќе од второпласираната Барселона, а Зидан досега со „кралевите“ освои една титула во шпанското првенство и три во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлуката на УЕФА дали Езе може да игра за Арсенал во Лигата на шампионите е повеќе од јасна

Арсенал извлече неверојатно “кражба” кога станува збор за трансферот на Ебереч…