Дома Фудбал Англија Најбогатиот Британец нема да го купи Челзи!

Најбогатиот Британец нема да го купи Челзи!

Пред неколку месеци се шпекулираше дека Сер Џим Ретклиф ќе го купи Челси од Роман Абрамович, но во моментов тој ја отфрли таа можност со коментар дека процената на вредноста на англиските клубови е ненормална.

Ретклиф, исто така, ја отфрли можноста да вложи пари во некој премиерлигаш затоа што смета дека е доволно присутен во светот на спортот бидејќи почна да вложува пари во Формула 1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наместо вложување во англиски клуб, Ретклиф вели дека е посветен на Ница, фудбалски клуб од Франција, кој го купи во август минатата година за околу 100 милиони евра.

Ница во моментов се наоѓа на 11. позиција во францускиот шампионат, а во клубот играат фудбалери како Бразилецот Данте и Данецот Долберг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…