Лос Анџелес Лејкерс се заинтересирани за Дион Вејтерс, пренесуваат тамошните медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бекот беше трејдуван од Мајами во Мемфис, кој веднаш го отстапија, па Вајтерс сега е без ангажман.
Претседателот на ЛА Лејкерс најави дека ќе има разговор со Вајтерс наскоро, па многу е веројатно да дојде до договор.
Вајтерс беше суспендиран три пати – првиот пат кога на клубот му рекол дека е болен, а потоа беше сликан на јахта. Вториот пат поради недоаѓање на тренинг и последниот пат кога беше предозиран од гумени бомбони, па Мајами сакаше да се ослободи од него што побрзо.
Овој 28-годишен бек во кариерата има просек од 13,2 поени по натпревар и 41% шут од игра.