Дома Фудбал Италија Ла Република: Јувентус може да го врати Алегри!?

Ла Република: Јувентус може да го врати Алегри!?

Италијанската „Ла Република“ објави вест која звучи шокантно – Јувентус размислува да го врати Алегри на клупата!?

Наводно претседателот Андреа Ањели не е задоволен од работата на Маурицио Сари. Сари во Јувентус пристигна во последното лето на место на Масилијано Алегри. Меѓутоа италијанскиот шампион не блеска оваа сезона и забележува некои лоши резултати.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус во саботата изгуби од Верон со 2:1 и Верона во овој натпревар заслужно стигна до победа бидејќи „старата дама“ одигра под нивото. Со овој пораз и победата на Интер, Јувентус ја изгуби лидерската позиција. Интер и Јувентус имаат ист број бодови, но „нероаѕурите“ се први поради подобрата гол разлика, Лацио е зад нив со еден бод помалку.

Алегри и понатаму е под договор со Јувентус со кој се раздели на господски начин и до сега се поврзуваше со повеќе клубови, меѓутоа се уште е без клуб откако ја напушти клупата на која седеше од 2014 до 2019 година.

Со Јувентус Алегри освои пет Скудета, два италијански купа и изгуби две финалиња во Лигата на шампионите. Во Јувентус најмногу му се замеруваше на „досадниот“ фудбал, раководство сметаше дека тимот има напаѓачки потенцијал кој Алегри со својот стил на игра не го исполнува.

Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но ако се случи Сари да изгуби и од Милан во првиот натпревар  (четврток) од двомечот во купот тогаш сигурно е дека ќе биде под голем притисок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола: И да испаднеме во петта лига, останувам во Сити

Шпанскиот селектор Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити каде ја …