Дома Фудбал Аталанта после 27 години победи во Фиренца (ВИДЕО)

Аталанта после 27 години победи во Фиренца (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта денес славеа со 1:2 на гостувањето кај Фиорентина во рамките од 23. коло во Серија А.

Гостите беа благи фаворити и се очекуваше добар отпор на Фиорентина, но работите не беа такви на теренот.

Фиорентина прва дојде до водство и тоа кон средината на првото полувреме. Одличен гол постигна Киеза и тогаш изгледаше дека домаќините можат да останат непоразени.

Сепак, во второто полувреме Аталанта заигра одлично и веќе во 49. Минута изедначи на 1:1, голот го постигна Запата. Голот за победа го постигна Малиновски на дваесетина минути до крајот.

Аталанта со оваа победа изби на четвртата позиција натабелата со три бода повеќе од Рома додека Фиорентина се наоѓа на 14. место со 25 бодови.

Инаку ова е прва победа на Аталанта на гости кај Фиорентина во Серија А после 27 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити го следи талентот на Дортмунд: Алберт на радарот и на Челси и ПСЖ

Манчестер сити наводно има предност во трката за 17-годишниот Матис Алберт, а можниот тран…