Синиша Михајловиќ ја напуштил болницата во Болоња соопштува новинарот на „Скај Спорт“, Џанлука Ди Марцио.
Хоспитализацијата на Михајловиќ е завршена откако дојде крајот на планираната терапија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме, Михајловиќ во текот на летото соопшти дека боледува од леукемија и набрзо започна со лекување. Веќе неколку пати престојуваше во болницата каде што има терапии во борбата со болеста.
Откако денес ја напушти болницата објавено е следново соопштение.
„Г. Михајловиќ е утрово е пуштен од болницата откако резултатите после антивирусната терапија беа позитивни. Пациентот е во многу обра состојба“, стои во соопштението од болницата.
Медиумите во Италија најавуваат дека Михајловиќ вечерва може да биде и на клупата на Болоња во натпреварот против Рома.