Дома Фудбал Англија Играчите на Ливерпул ќе добијат бонус за освојувањето на ПЛ, познато и колку

Играчите на Ливерпул ќе добијат бонус за освојувањето на ПЛ, познато и колку

Aнглискиот „Дејли Мејл“ откри колкав бонус ќе добијат играчите на Ливерпул за освојувањето на Премиер лигата кое сега е само прашање на време.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот на Клоп има 22 бода предност после 25 кола и доколку продолжи во ова темпо титулата математички може да ја обезбеди и на седум кола пред крајот на првенството. Ливерпул од потешките натпревари на гостински терен игра само против Манчестер Сити, но не изгледа реално „граѓаните“ да ја надополнат огромната негатива.

Салах, Мане и останатите играчи ќе поделат вкупно четири милиони фунти бонус кој ќе го разделат во зависност oд тоа кој колку натпревари одиграл. Во просек секој играч ќе добие 150.000 фунти, тука не се пресметани индивидуалните бонуси во договорите кои ги имаат сите играчи.

Клоп исто така ќе добие голем бонус, меѓутоа засега не е познато каков договор има со клубот од „Енфилд“, освен тоа што добива 15 милиони фунти по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Веќе почна: Горат дресовите на Алварез во Мадрид (Видео)

Најкраткиот пат од љубов до омраза може да се види во случајот на Хулијан Алварез во Мадри…