Арјан Адеми пред неколку дена потпиша нов договор со Динамо Загреб со важност до 2025 година, по тој повод Динамо му подари дресови кои тој ги дизајнираше и тие направија вистински бум помеѓу навивачите на хрватскиот тим (тука).
Во едно од интервјуата за хрватските медиуми, поточно за медиумит „Јутарњи“ Адеми зборуваше за неговата иднина во Динамо, но и за желбите со репрезентацијата на Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во оваа прилика јавно испраќам извинување до тренерот Крунослав Јурчиќ. Тренерот на Ал Наср. Со него се договоривме, трансферот беше блиску да се реализира, но ете се случи тоа што се случи. На крајот сфатив дека тоа не е за мене. Не беше во ред од моја страна и уште еднаш се извинувам“, изјави Адеми за пропаднатиот трансфер во зимскиот преоден рок.
„Во март играме полуфинале во Лигата на Нации, па ако победиме следува финале. Една од моите желби е да се пласирам со Македонија на Европското првенство“, потенцира нашиот репрезентативец.
Целото интервју на Адеми можете да го прочитате – тука.