Дома Фудбал Халанд продолжува да руши рекорди

Халанд продолжува да руши рекорди

Напаѓачот Ерлинг Холанд покажува одлични партии по доаѓањето во Борусија Дортмунд. Норвешкиот репрезентативец синоќа беше стрелец во куп дуелот со Вердер Бремен кој неговиот тим го загуби со 2:3.

Холанд стана првиот играч во историјата кој постигнал осум погодоци на своите први четири натпревари за клуб од Бундеслигата.

Норвежанецот оваа сезона блесна во дресот на Салцбург од каде во јануари се пресели во Борусија Дортмунд и веднаш почна да руши рекорди во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…