Дома Фудбал Англија Ќе има ли шампионски шпалир за Ливерпул на „Етихад“?

Ќе има ли шампионски шпалир за Ливерпул на „Етихад“?

Шампионот Манчестер Сити не само што нема да ја одбрани титулата во Премиер лигата оваа сезона, туку може да се случи на најболниот начин да му ја предаде титулата на Ливерпул.

После вчерашниот пораз од Тотенхем „граѓаните“ заостануваат 22 бода зад Ливерпул, а тоа значи дека „црвените“ имаат потреба од уште шест победи за и официјално да ја освојат титулата и тоа ако Сити нема пораз.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Пресметките кажуваат дека Ливерпул може да ја освои титулата на 21-ви март кога тимот на Клоп игра на „Енфилд“ против Кристал Палас. Тој дуел е од 31-то коло, а во следното коло „црвените“ му гостуваат на Манчестер Сити на „Етихад“.

Тоа значи дека постои голема реалност „граѓаните“ да го пречекаат на својот стадион новиот шампион, а праксата е во такви случаи домаќинот да направи шампионски шпалир во чест на шампионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…