Дома Фудбал Италија Боатенг во последниот ден од преодниот рок ја напушта Фиорентина

Боатенг во последниот ден од преодниот рок ја напушта Фиорентина

Офанзивниот играч на Гана, Кевин-Принс Боатенг ја напушта Фиорентина на последниот ден од зимскиот преоден рок, пренесува Скај Спорт.

Боатенг пристигна во Фиренца пред само неколку месеци од Сасуоло, но не ги задоволи клупските челници и ќе замине на шестмесечна позајмица во Бешикташ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Турскиот клуб ги договори сите услови со италијанскиот тим и ќе го донесе Боатенг на позајмица со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната.

Боатенг оваа сезона запиша 14 натпревари во Серија А и постигна еден гол.

Пред Фиорентина и Сасуоло, тој играше и за Херта, Борусија Дортмунд, Тотенхем, Портсмут, Милан, Шалке …

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија загина со своите три деца

Во саботата Валенсија ги потврди трагичните вести дека тренерот на женскиот Б тим на овој …