Дома Македонски спорт Мак баскет Гечевски за Буштур: Жалам што не отидовме по риба заедно, се надевам и горе ќе даваш кошеви

Гечевски за Буштур: Жалам што не отидовме по риба заедно, се надевам и горе ќе даваш кошеви

Денес се одржа комеморација во чест на Благоја Георгиевски – Буштур.

Буштур вчера во раните утрински часови го загуби животот во собраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода.

Помеѓу оние кои зборуваа на денешната комеморација беше и Тодор Гечевски.

„Во вакви моменти е тешко да се зборува. Место да ги славиме успесите кои ги имаше во кариерата, ние збориме за тоа, но без него. Буштур беше добар човек. Кога слушнав за веста се сетив на нашето запознавање. Во Кавадарци ме повика да играм за кадетите…спиев во неговиот дом. Бевме колеги во кошарката, но и во риболовот. Жалам што не отидовме по риба заедно…Се надевам дека и горе ќе дава кошеви и ќе фаќа големи риби“, зборуваше Гечевски на комеморацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Скопје ја менува клупата: Петровиќ доби задача да го разбуди вицешампионот

Александар Петровиќ го наследува Мирко Петрески во Скопје, кој има само една победа по шес…